Четвртиот овосезонски спуст од Светскиот куп во алпско скијање во машка конкуренција се одржа денес во австрискиот Кицбил.
Ова гратче требаше да биде на календарот изминатата недела како замена за Венген, но наместо него, скијачите се натпреваруваа во Флахау.
На денешната трка, поради лошите услови, стартуваа само триесет од планираните педесет и пет скијачи.
Од нив, најбрз беше Беат Фојц, кој триумфираше по четиринаесетти пат во кариерата.
Имено, Фојц стана четвртиот скијач во историјата што забележал подиум на четири последователни спустови во Кицбил. Освен него, тоа им појде од рака и на Лук Алфанд (1995-1997), на Стив Подборски (1981-1983) и на Дарон Ралвс (2003-2006).
На подиумот, освен Швајцарецот, се пласираа Матијас Мајер (+0,16) и Доминик Парис (+0,56).
Под една секунда заостануваа Жоан Клери (+0,89) и Андреас Сандер (+0,95), а во топ 10 завршија и Карло Јанка (+1,37), Матје Баје (+1,50), Ромед Бауман (+1,51), Винсент Крихмајер (+1,62) и Нилс Алегре (+1,64).
📸 Alexander Hassenstein



