Драматичен финиш и среќен крај за екипата на Работнички во натпреварот од 12.коло од АБА 2 конкуренцијата против екипата на Хелиос од Домжале. Во меч со голем број на резултатски промени, на крајот и среќата беше на страната на „Црвено-белите“.
Македонскиот преставник оствари минимална победа од 66:67 и се израдува на тешко остварена победа. Младеновски со 20 поени и 14 скока беше најдобар поединец кај Работнички, додека Бундовиќ даде 21 поен.
Фото и извор: https://kfsm.mk/



