Некои фаворити ја оправдаа, а некои не својата улога во квалификациите за Светско првенство 2022 година. Германија рано ги реши дилемите и со 3:0 го надигра Исланд во меч од групата во која е и Македонија. Ерменија со 1:0 славеше на гости кај Лихтенштајн во третиот меч од нашата група.
Англија „само“ со 5:0 го разби Сан Марино, Италија со 2:0 ја победи Северна Ирска. Киксираше Шпанија која дома одигра само 1:1 против Грција. Грците дадоа гол од пенал и тоа е прв пенал досуден против Шпанија на нејзин терен во квалификации за СП.