Избраниците на Марјан Илиевски, тимот на битолски Пелистер победи на домашен паркер против екипата на КК Црн Дрим Грин Мобиле со резултат од 117:68 и ја запишаа победата број петнаесет во првенството.
Најдобар во победничкиот табор беше Малешевиќ со 24 поени, Кесар имаше 19, додека Стајиќ реализира 16 поени, а кај Црн Дрим, Вокер даде 17 поени, пред Стаменковиќ со 15 поени.