
Најисцрпната велосипедска трка на ЛОИ 2020 во Токио беше одржана денес на патека долга 234 километри со елевација од 4865 метри.
На неа, после неколку пресвртни точки, до златниот медал дојде Ричард Карапаз (06:05:26).
Еквадорецот тргна во бегство на четириесет километри пред целта, заедно со Брендон МекНалти и на одличен начин си ја врати самодовербата по освоеното трето место на Тур д Франс.
Имено, Карапаз беше шампион на Џиро д’Италија во 2019, но за него, ова е прв олимписки медал и трет за Еквадор во олимписката историја.
Освојувачот на последните две изданија на Тур д Франс, Словенецот Тадеј Погачар (+1:07), во друштво со Вут Ван Аерт (+1:07), драстично се истроши на ридските предели, но сепак шампионски дојде до медал.
Словенецот во фото-финиш се стекна со бронза, откако Ван Аерт стигна побрзо до целната линија за дел од секундата.
Во продолжение, пласман во првите пет изборија уште Бауке Молема и Мајкл Вудс.