Женската сениорска репрезентација на Македонија со пораз го заврши учеството во вториот дел од квалификациите за Евробаскетот 2021 година. Македонија го добија првото полувреме со Германија, но загубија по голема борба, пред сè против физички појаките репрезентативки на Германија со резултат од 59:74.
Митрашиновиќ со 30 поени беше најпрецизна во нашиот табор, Бонер додаде 14, додека двоцифрен скор имаше уште Трајчевска со 11 поени. Следниот турнир нè чекаат уште два натпревари, против селекциите на Летонија и на Хрватска.



