Уште еден натпревар одиграа кошаркарите на Работничи во „балонот“ на Златибор против една екипа која доаѓа од Црна Гора. Откако прво загубија од Студентски град, а потоа ја победија Подгорица, на ред дојде и пресметката со еден од најстарите клубови на тие простори – Ловќен од Цетиње, а натпреварот заврши во полза на Работнички со триумф од 82:77.
Во победничкиот табор на македонскиот преставник во АБА 2 најефикасни завршија Балмазовиќ со 18, американецот Питс со 17 и двоцифрен на овој меч заврши Николовски со 12 поени зад своето име.



