Во Анталија се играат голем број на контролни натпревари, а таму имаме и македонски клубови на подготовки. Меѓу нив Силекс од Кратово одигра пријателска со големиот гигант Шахтјор Доњецк и загуби со резултат од 4:1.
Силекс по одиграното прво полувреме имаа позитива од 1:0 со голот на Дејан Тантуровски. Во вториот дел украинците преку Патрик, Корниленко, Степаненко и Додо направија целосен пресврт и стигнаа до триумф од 4:1.
На втората македоснко – украинска пресметка тетовска Шкендија одигра реми против Зорја со резултат од 1:1. Шкендија прва поведе со голот на Љупче Дориев, но украинците израминија на 1:1 и овој резултат остана и конечен.