Во понеделник Силекс ќе ја очекува ждрепката за прво квалификациско коло од Лига шампиони и имаше среќа да ги избегне квалитетните ривали и место нив да добие можни противници кои ќе има шанса да ги елиминира.
Кратовчани добија шанса за настап во најелитното европско натпреварување поради недобивање на лиценца на Вардар за Европа. Силекс се наоѓа во групата 4 на неносители и можни ривали ќе му бидат екипите на: Карабах од Азербејџан, Макаби Тел Авив од Израел, Динамо Тбилиси од Грузија и Астана од Казакстан.