Елиминацијата на Јувентус од Олимпик Лион од Лига шампиони му пресуди на Маурицио Сари отказ од работното место. Нов менаџер на ,,Старата дама” е назначен легендарниот фудбалер Андреа Пирло, кој до сега беше тренер до У-23 тимот на Јуве.
Ова за Пирло е прв тренерски ангажман во сениорска конкуренција и ќе се обиде играчкото искуство да го пренесе на играчите. Договорот е потпишан до јуни 2022 година.



