
По серијата од пет триумфи, Автомобилист Екатеринбург поврза шест загубени натпревари.
На три од тие пресметки, хокеарите на Авто не постигнаа ниеден погодок, но сепак го задржаа лидерското место во Источната конференција.
Нивен денешен ривал беше Сибир Новосибирск, кој де факто славеше со минимални 1-0 после пенали и дојде на четвртата позиција во истата група.
Имено, во текот на играта, гостите упатија дваесет и два удари, но сите од нив беа запрени од голманот Антон Красоткин, кој го запиша првиот шут-аут во сезоната.
Од неговите соиграчи, во пенал-серијата реализираа дури тројца, односно Никита Сетдиков, Александер Шаров и Никита Шашков.