
Поради рестрикциите, иако се по потекло од Кина, Кунлун Ред Старс ги играат домашните натпревари во Митиши, односно во околината на Москва.
Денес, во западниот дел на најголемата земја во светот гостуваше Сибир Новосибирск, кој триумфираше со 1-3.
После само дванаесет секунди игра, Сибир поведе со 0-1 преку Александер Шаров, а веќе во четвртата минута, Вјачеслав Литовченко ја удвои предноста.
Во вториот период немаше погодоци, а на почетокот на третата третина, Алексеј Кручинин стрелаше против својот поранешен клуб за 0-3.
Голманот на гостите, Хари Сатери, беше на прагот на петтиот шут-аут во сезоната, но почесен погодок за номиналните домаќини постигна Џејсон Фрем на девет минути пред крајот.
Во Источната конференција, Сибир влезе во плејоф-зоната на седмото место, додека Кунлун е претпоследен со бод предност во однос на Адмирал.



