Единсон Кавани имаше одличен натпревар против Саутемптон кога на премиерлигашкиот натпревар влезе во второто полувреме, му асистираше на Бруно Фернандес, а потоа самиот постигна два гола за пресврт и победа од 3:2. Но, веднаш по мечот Уругваецот направи испад на Инстаграм поради што може да биде суспендиран од ФА.

Единсон Кавани после натпреварот веднаш на Инстаграм се заблагодари за победничката асистенцијата на Маркус Рашфорд со зборовите ,, Gracias negrito“, што во превод значи ,,Благодарам црнец”. Кавани брзо потоа го избриша сторито од Инстаграм, но неговите зборови веќе беа снимени и се очекува истрага од ФА.



