Во големото украинско дерби помеѓу Шахтјор Донецк и Динамо Киев до триумф и нови три бода за домашните фудбалери. Гостите преку Бујалски во 39 минута дојдоа до водство, кое кратко траше затоа што минута подоцна Марлос израмни на 1:1 резултат кој беше активен на полувреме.
Во вториот дел во 67 минута повторно Марлос беше стрелец овој пат за водство од 2:1, а конечниот резултат од 3:1 ги постави Антонио во 74 минута. Шахтјор со новите три бода само се зацврсти на врвот на табелата со дури 16 бода повеќе од второпласираната Зорја, додека Динамо Киев е на четврта позиција со само 46 бода.