,,Бронзениот” од Лондон 2012 и светскиот вицешампион од 2015, Хенсл Парчмент, стана новиот олимписки првак на 110 метри со пречки во машка конкуренција.
Имено, Јамајканецот ја истрча трката за 13,04 секунди што претставува негово најдобро време сезонава и на сензационален начин стигна до своето прво олимписко злато.
На второто место се пласираше главниот фаворит, Грант Холовеј (13,09), кој на квалификациите за ЛОИ 2020 постави време од 12,81 секунди и стана втор најбрз човек во историјата на овој настан.
Само една стотинка позади Холовеј беше и вториот Јамајканец, Роналд Леви (13,10), кој се стекна со првиот олимписки бронзен медал во кариерата.
Во продолжение, финалниот распоред го комплетираа Девон Ален (13,14), Паскал Мартино-Лагард (13,16), Асиер Мартинез (13,22), Ендру Поци (13,30) и Орел Манга (13,38).