Женскиот Фудбалски клуб ЖФК Топ Гол од Битола ги претстави новите засилувања кои се ангажираа во овој зимски преоден рок. Се работи за две квалитетни интернационалки од Босна и Херцеговина.
Односно тоа се засилувања од репрезентативен калибар, Вукица Миќановиќ репрезентативка на БиХ која игра на позиција дефанзивен централен играч, а доаѓа од ЖФК Радник од Бјелина. Второто интернационално засилување е Милица Татиќ, поранешна младинска репрезентативка на БиХ која игра на позиција крилен напаѓач, а доаѓа од ЖФК Фортуна Живице, Тузла.
По двегодишна пауза во тимот се враќа битолчанката Стела Најдоска и таа е своевидно трето засилување за клубот. ЖФК Топ Гол сега има четири новите, бидејќи пред еден месец во клубот се приклучи и младата голманка и репрезентативка Кристина Павлоска. Тренерот Кире Грбевски сега има уште поквалитетен играчки кадар со кој што ќе се обиде да го опстани клубот во Прва МФЛ.
Фото и извор: https://bitolanews.mk/



