петок, јуни 2, 2023
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна МАГАЗИН НАСТАНИ

„СЕНИШТА“ e новата изложба на стружанката Викторија Попоска

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
ноември 30, 2020
📁 НАСТАНИ

„СЕНИШТА“ е наслов на изложбата на Викторија Попоска, еден од двајцата победници на Конкурсот за млад уметник кој оваа година премиерно го објави Националната галерија на Република Северна Македонија. На конкурсот аплицираа 23 кандидати, а меѓународната комисија, во состав: проф. Миодраг Шуваковиќ, Арта Буњаку Агани и Роман Урањек одбраа два проекта на млади уметници од кои едниот победник е уметницата Попоска. Изложбата ќе биде поставена во Мултимедијалниот центар Мала станица од 10 декември 2020 до 10 јануари 2021 година.
Викторија Попоска е млад уметник, родена 1992 год. во Струга, Република Северна Македонија. Дипломирала на осекот за применето сликарство со конзервација и реставрација на ФЛУ каде ја добила наградата „Борко Лазески“ за најинвентивен сликар во 2015 година, по што следи реализирање на нејзината прва самостојна изложба под наслов „Запознавање“ во Музеј на град Скопје во 2016 година. Истата година ќе учествува на “Paratissima“ каде ја добива специјалната награда “Ponte di pietra“ по што следи нејзино учество на “Paratissima-to the stars“ во Торино, Италија. Во Струга, својот роден град, во 2017 год. свое самостојно претставување ќе има во галеријата „Коџоман“, а понатаму следат учества на повеќе групни изложби, перформанси, колонии.
Самата изложба „СЕНИШТА“ претставува дел од еден цел проект кој се однесува на сé поактуелната светска стратегија за зачувувањето на планетата Земја. Како уметница, а воедно и активистка, своето живеење го насочува сé повеќе кон наједноставниот начин, со враќање кон природата, отфрлувајќи ги актуелните, современи, „trendy“ производи после чија употреба останува огромно количество на неразградлива амбалажа. Согласно нејзината животна филозофија, таа и своето творештво го насочува кон подигнување на свеста, користејќи го отпадот. Создавањето на делата на Попоска претставува своевиден процес со свој почеток и крај. Градењето на скулптурите, објектите за неа претставуваат вистински ритуал, започнувајќи со собирање, селектирање, миење на отпадот, потоа негово вообличување во дело и на крајот (по завршувањето на изложбата) дислоцирање во депонија.

Александра Зиновска Вилиќ

ShareTweet
Претходна вест

Дански мега ракометен талент сонува да игра во Вардар!

Следна вест

(Видео) Благојче Tрајкоски – Брзиот противнапад ја краси екипата на Тримо

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

(Видео) Најубавата светска пијанистка доаѓа во Македонија
НАСТАНИ

(Видео) Најубавата светска пијанистка доаѓа во Македонија

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
22/Мар/2023
Јован Рафтоски го фати Светиот крст во Струга
НАСТАНИ

Јован Рафтоски го фати Светиот крст во Струга

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
19/Јан/2023
Бадниковата поворка традиционално во Струга (ГАЛЕРИЈА)
ГАЛЕРИИ

Бадниковата поворка традиционално во Струга (ГАЛЕРИЈА)

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
06/Јан/2023
Студио за танц “БАХ” од Струга со 7.награди на Zagreb Christmas Ball (Галерија)
МАГАЗИН

Студио за танц “БАХ” од Струга со 7.награди на Zagreb Christmas Ball (Галерија)

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Дек/2022
Следна вест

(Видео) Благојче Tрајкоски - Брзиот противнапад ја краси екипата на Тримо

Последно

Охрид се засили со 4. македонски ракометари

Гакидова и Јанеска одлични во минималниот пораз во првото финале

Охрид се засили со талентираниот голман Бркиќ

ТРАНСФЕР БОМБА: Гурбиндо го засилува Алкалоид

Селекторот Милевски одбра за натпреварите со Украина и Англија

МЗТ повторно го надигра Пелистер и е на чекор до нова титула

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.