Треба да се очекува сега Еурофарм Пелистер да игра добро во текот на целиот натпревар, а не само едно полувреме. Паднавме во вториот дел и на првиот и на вториот натпревар. Недостатокот на натпревари нè чини два бода. Против Шафхаузен тоа ни се повтори, скоро цел тим излезе од карантин непосредно пред натпреварот и се виде таа слабост. После карантин тешко се игра. Против Рајн Некар Левен исто така бевме солидни во првиот дел, но потоа паднавме во продолжението. Убеден сум дека во Словенија ќе дадеме максимум во текот на целиот натпревар.Тримо Требње е компактна екипа, брзиот противнапад ја краси екипата. Играат многу брзо, скандинавски, баш како ГОГ Гудме. Спремивме тактика за нивната брза игра и се надевам дека ќе ги онеспособиме во тој противнапад. – Благојче Трајкоски