Во второто полуфинале на завршниот турнир во СЕХА лигата кој се игра во Задар актуелниот европски, регионален и Македонски првак Вардар одигра нерешено со Загреб 26-26 после регуларниот дел. Вардар губеше и со 18-24 но со агресивна одбрана и гол на Јотиќ во финишот се избори за нерешено и пенали. По седмерците славеше Вардар откако Борко со два одбранети седмерци го однесе шампионот во финале.

Најефикасни во Вардар беа Дисингер и Дибиров со по 6 гола додека кај Загреб одличен беше Мандиќ со 8 од 8.




