На митингот во Брисел, во склоп на атлетската Дијамантска лига, паднаа два светски рекорди во дисциплината ,,најдолга истрчена дистанца за еден час”.
Во женска конкуренција, рекордот го држеше Дире Туне од Етиопија, со истрчани 18 517 метри, поставен на 12 јуни 2008 во Острава.
Вечерва, новиот рекорд го постави Холанѓанката Сифан Хасан со 18 930 метри.
Кај мажите, нов светски рекордер во оваа дисциплина е Мо Фарах.
Британецот го собори рекордот на Хаиле Гебреселаси (Етиопија) поставен на 27 јуни 2007, кој изнесуваше 21 285 истрчани метри за еден час.
Новиот актуелен светски рекорд на Фарах е за 45 метри подобар, односно 21 330 метри.



