Во првото полуфинале на завршниот турнир во СЕХА лигата кој се игра во Задар славеше екипата на Веспрем против тимот на Мешков со 28-24.

Веспрем со одлична игра во вториот дел стигна до победа, иако после првиот дел губеше со 13-12. Најефикасни во Веспрем беа Гаспер Маргуч и Петар Ненадиќ со по 6 гола, додека нашиот Дејан Манасков постигна 3 погодоци. На голот на Веспрем блескаше Коралес со 15 одбрани. Кај Мешков најефикасен беше Шкурински со 6 гола.



