Студиото за танц БАХ успешно работи 2 месеци и во оваа новонастаната ситуација и се грижи за здравјето на неговите членови. Во овие 2 месеци си ја вративме кондицијата, имавме две успешни работилници и одличен перформанс со профи поставата на овогодинешните Струшки вечери на поезијата.Во моментов се уште се во тек припреми за нашиот мал концерт кој ќе се случи во Октомври и ќе биде по сите правила и прописи кои го штитат јавното здравје. Со големо задоволство ви соопштуваме дека студиото денес објавува упис на нови членови кој започнува од 10ти Септември а трае до 10ти Октомври,оваа година.Годинава бројот на деца и млади кои ке ги примаме ке биде ограничен ,па ги очекуваме најбрзите и оние со најголема желба за танц и сцена
Правилата по кои работиме се во согласност со протоколот за работа на танцовите и балетски студија одобрен од комисијата за заразни болести и влада.Службен весник бр.175 од 01.07.2020 стр. 9Студиото и Центарот на култура Струга ги имаат превземено сите мерки за безбедност и со тоа сме спремни и за прием на нови членови притоа и осигурани за безбедноста и здравјето на сите нас !Ве очекуваме…
За повеќе информации на :078 447 530 – стои во соопштението на Студиото за танц БАХ.




