Српската ракометарка Андреа Лекиќ која ја скина ахиловата тетива на Европското првенство, а впрочем е некогашна најдобра светска ракометарка и екс ,,Црвено-црна” членка, смета дека успехот на Хрватска која освои бронзен медал е вистинско чудо.
„Тоа што го направи Хрватска е ракометна бајка. Не знам дали им помогна тоа што играа без притисок, но исполнија невозможна мисија. Се бореа како лавици. Јас половина од тие девојки не ги знаев пред првенството. Сега сите ги запознав, затоа капа долу“ – изјави Андреа Лекиќ.