Во седиштето на УЕФА во Нион вечерва од 18 часот со пренос на МТВ 1 ќе биде извршена жрепката за квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар.
Македонија е рангирана во 4. група , заедно со уште девет репрезентации со кои не може да се најде во иста група.
Квалификациите за пласман на Мундијалот 2022 ќе започнат во март следната година, а вечерва ќе бидат извлечени десет групи во кои ќе бидат распределени 55 европски репрезентации, пет групи со по шест репрезентации и пет групи со по пет репрезентации.
Првопласираните репрезентации обезбедуваат пласман на завршницата, а второпласираните во групите, заедно со уште две репрезентации преку Лигата на нации, ќе играат плеј-оф.
Светското првенство во Катар ќе се одржи од 21 Ноември до 18 Декември 2022 година.
Шешир 1: Белгија, Франција, Англија, Португалија, Шпанија, Италија, Хрватска, Данска, Германија, Холандија.
Шешир 2: Швајцарија, Велс, Полска, Шведска, Австрија, Украина, Србија, Турција, Словачка, Романија.
Шешир 3: Русија, Унгарија, Република Ирска, Чешка, Норвешка, Северна Ирска, Исланд, Шкотска, Грција, Финска.
Шешир 4: Македонија, Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора, Албанија, Бугарија, Израел, Белорусија, Грузија и Луксембург.
Шешир 5: Ерменија, Кипар, Фарски Острови, Азербејџан, Естонија, Косово, Казахстан, Литванија, Летонија, Андора.
Шешир 6: Малта, Молдавија, Лихтенштајн, Гибралтар, Сан Марино.



