Милан со 2:1 ја победи Сампдорија на гостински терен и само потврди дека е убедлив лидер по 10 одиграни кола во Серија А. ,,Росонерите” досега освоија 26 од можните 30 бодови со што само потврдија дека имаат шампионски амбиции. Со оваа победа ,,Росоњерите” на гостински терен сезонава имаат пет победи во пет меча и достигнаа нов голем успех.
Френк Кеси погоди од пенал во 45 минута за водство на Милан, а предноста ја удвои Кастилјехо со гол во 77 минута и тоа неполна минута откако влезе како резерва.
До крајот на средбата, Сампдорија даде почесен погодок преку Екдал. Милан на овој меч постави и клупски рекорд од 30 средби по ред во Серија А, на кои дава барем по еден гол.



