
Сандерленд ја запиша петтата победа на последните осум лигашки дуели, откако денес ја оправда фаворитската улога.
Имено, во рамките на 24. коло од англиската Лиг 1, еден ден после фамозниот ,,Боксинг Деј”, избраниците на Ли Џонсон го поразија Донкастер со 0-3.
Сандерленд доминираше во текот на цел натпревар, а подобрата игра може да се ,,прочита” од билансот на шутеви, кој гласеше 20-3 во корист на победничкиот состав.
Стрелци на погодоците за ,,Црните мачки” беа Рос Стјуарт (7′ од пенал), Елиот Емблтон (41′) и Бенџамин Блајт (50′ автогол).
На табелата, Сандерленд го зазема второто место, додека Донкастер е претпоследен и се наоѓа на шест поени од сигурната зона.