
Екипата на Салцбург дојде до петтата победа по ред, откако во шеснаесеттото коло од ИЦЕ Лигата, славеше над Вилах со 4-2.
Гостите, кои важеа за аутсајдери, поведоа преку Бенџамин Ланцингер на стартот на втората третина, а по пресвртот на ,,Биковите”, израмнија со голот на Роберт Саболич.
Во меѓувреме, домаќините стекнаа водство од 2-1, благодарение на Паул Хубер и на Али Вуковиц, а во третата третина, славеа со погодоците на Петер Шнајдер и на Лукас Талер.
На табелата, Салцбург остана на второто место, а Вилах ја зазема осмата позиција.