Македонскиот ракометен вицешампион го оствари ветеното и со победа се врати од незгодното гостување во Португалија. Еурофарм Пелистер ги остави зад себе бројните проблеми, брзо го заборави поразот во воведното коло во Европската лига и одигра херојски против Агуаш Санташ и заслужено со 27-29 ги впиша првите бодови во својата група.

Најдобри стрелци во Еурофарм Пелистер беа Хенеберг со 7 голови и Пешевски со 5 погодоци.