
Во 2023, екипата на Салават Јулаев Уфа има четири победи и еден пораз.
Четвртиот триумф во оваа календарска година, ,,Зелените” го остварија денес, надигрувајќи го Адмирал Владивосток со 2-0.
И двата гола на натпреварот паднаа во третата третина, а стрелци беа Сергеј Шмелјов и Александер Хмелевски.
Голманот на победничкиот тим, Илја Ежов, дојде до третиот овосезонски шут-аут, одбранувајќи ги сите 25 противнички удари.
Во Источната конференција, Салават скокна на третото место, додека Адмирал падна на седмата позиција.