
Во триесет и четвртото коло од англиската Лиг 1, силите ги одмерија Ротерам Јунајтед и Виган Атлетик.
Двете првопласирани екипи на табелата, во дербито на годината, ремизираа со 1-1 на ,,Асил Њујорк Стадиум”.
Во тврд натпревар со вкупно само осум шутеви, Виган го отвори резултатот преку одличниот потег на Стивен Хамфрис (28′).
На спротивната страна, стрелец за домаќините беше Оливер Ратбоун (75′), кој го заби својот втор гол во сезоната.
Ситуацијата на табелата остана непроменета со тоа што Ротерам го држи врвот, а Виган е второпласиран со шест бода, но и со два натпревари помалку.