Во премиерниот меч од дваесеттото коло на турската одбојкарска Ефелер лига, Аркасспор славеше над Бурса со 3-1.
Аркас ги доби првиот, третиот и четвртиот сет со 25-19, со 25-21 и со 25-23, пред сè поради убедливата игра во финишот.
Од друга страна, Бурса ја зеде втората партија со 21-25, но тоа беше недоволно за да замине од Измир со најмалку еден бод.
Од победничките редови, најефикасен со 19 поени беше Николас Хоуг, а уште 14 додаде Мирза Лагумџија.
Кај Бурса, двоцифрени во нападот беа Ѓокхан Ѓокгоз (17 поени) и Матеус Краучук (13 поени).
На табелата, со натпревар повеќе, Аркас го презеде третото место од Фенербахче, додека Бурса остана на седмата позиција.