Трето коло од Втора МФЛ во кој што проследивме квалитетни натпревари и многу возбудувања. На дел од натпреварите фаворитите ја оправдаа улогата, но имаше и неколку изненадувања.
Новиот второлигаш, тимот на Росоман 83 избори реми против Кит Го Пехчево со резултат од 2:2. За домашната екипа головите ги постигнаа Бојан Миланов и Сашко Дуков, а на овој меч домаќините уште во првиот дел имаа играч помалку поради добиен црвен картон и освен тоа гостите пропуштија да постигнат гол од пенал.
Во останатите натпревари во дербито на колото Гостивар оствари минимална победа над Кораб од 1:0, големо изненадување приредија фудбалерите на Каменица Саса против Победа со резултат од 1:0. И во упште едно дерби на колото Кожув Гевгелија дома загуби со 1:2 од Брегалница од Штип.
Трето коло Втора МФЛ:
Дрита 0 – 0 Охрид
Скопје 1 – 0 Кадино Скопје
Каменица Саса 1 – 0 Победа
Гостивар 1 – 0 Кораб
Кожув Гевгелија 1 – 2 Брегалница Штип
Осогово 0 – 3 Тиквеш
Плачковица 0 – 1 Слога Виница
Росоман 2 – 2 Кит Го Пехчево
Велешта 2 – 0 Лабуништа
Велезерими 2 – 0 Вардар Форино