Денешното дерби на Истокот во КХЛ го одиграа екипите на Салават Јулаев Уфа и на Авангард Омск.
Домаќините од Уфа дојдоа до минимална победа од 3-2, по стекнатата рана предност од два гола разлика.
Во првата третина, за победниците стрелаа Евгени Бирјуков и Теему Хартикаинен. Во вториот дел, Хартикаинен постигна уште еден гол за тогашни 3-1.
За Омск, при крајот на првата третина, прецизен беше Александар Хохлачев, а во третиот период – Сергеј Шумаков.
За Авангард, ова беше прв пораз сезонава, а Уфа, со оваа победа, дојде до осмиот поен и се израмни на врвот на табелата со денешниот ривал.