Македонската репрезентативка, Сара Ристовска и ЦСКА Москва го совлада Ростов Дон за конечни 2-0 во финалната серија.
На денешниот натпревар ЦСКА Москва славеше над Ростов Дон 33-31. Мечот заврши со резултат 25-25, па се играа продолженија за да се дојде до победникот.
ЦСКА Москва со ова стигна до титулата во шампионатот на Русија откако претходно беше победник и во Купот.
Сара Ристовска со 8 гола блескаше и беше најдобар поединец на овој натпревар. Од следната сезона македонската репрезентативка ќе го носи дресот на Рапид Букурешт




