Екипата на Баскет Кам 2011 е ново-стар шампион на Македонија во женска сениорска конкуренција, откако вечерва, во третиот натпревар од финалната серија на плеј-офот, уште еднаш беа подобри од Вардар.
По двете победи на свој терен во Македонска Каменица, кошаркарките кои ги предводи Жаклина Стојановска славеа и „Под Кале“.
Уште еднаш, доста тешко, но заслужено, со резултат (77:74), за максимални (3-0) во серијата која го даде новиот првак на Македонија.
На тој начин, Баскет кам 2011 стигна до еден историски подвиг кога станува збор за македонската женска кошарка.
Како прва екипа на која и пошло до рака да ги обедини трите круни.
Покрај онаа во Супер купот, потоа и во Купот на Македонија, стигна и шампионската, највредната. Трета за клубот од Македонска Каменица во последните четири години, со што ја потврди доминацијата во женскиот сегмент на нашата кошарка.




