Владимир Темелков најдоброто десно крило во историјата на ракометната репрезентација на Македонија ја одигра последната сезона во својата кариера.
Темелков кој на 26 Март наполни 44 години играше одлично за Керјенг од Луксембург каде пристигна 2011 година.
Влади, Среќни сме и горди што сте дел од ХБК, што сите овие години ја претставувавте ХБК на теренот и што се уште сте активни со нас надвор од теренот. Секој може да научи од вас, вие сте 101% HBK🦁💚 Речиси никој нема да го премине историскиот семе број 2. Ви кажуваме големо БЛАГОДАРАМ на сите за вашите напори каде и да можете и со нетрпение очекуваме уште многу години со вас во клубот. – стои во соопштението на Керјенг клубот од Луксембург за кој долги години настапува Владимир Темелков.
Темелков во својата кариера настапуваше за матичниот клуб Борец од Велес, потоа Пелистер од Битола. Играше долго време и во Германија во тимовите Фулинген, Вилштат, Балинген и Кронау.
Темелков бил дел од составот на македонската репрезентација на Светското првенство 2009 во Хрватска и на тоа првенство тој постигнал 35 голови. Тој исто така бил дел од составот на македонската репрезентација којс го освои петтото место на Европското првенство 2012 во Србија и СП 2013 во Шпанија.
Владимир благодариме за се што направи за репрезентацијата на Македонија.