Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром со пораз ја отворија новата сезона во АБА 2 лигата. На турнирот во Златибор, „Металците“ во драматичен финиш загубија од Подгорица со резултат од 74:72.
МЗТ Скопје треба да жали за пропуштената шанса да стартува со победа на првиот турнир во АБА 2 лигата. МЗТ имаше осум секунди за евентуално да го израмни натпреварот или со тројка и да победи, но Американецот Хасани Гравет направи чекори, па Подгорица славеше со 74:72.
Андрија Бојиќ одигра одлично во таборот на македонскиот тим со 24 поени и 9 скока, Тодрик Гочер реализираше 21 поен, додека Хасани Гравет броеше до 14 поени. Новак Мушиќ со 23 поени беше најдобар кај Подгорица.
Во второто коло на турнирот во Златибор, МЗТ Скопје се среќава со Сутјеска. Работнички кој исто така стартуваше со пораз во второто коло ќе игра со денешниот противник на МЗТ тимот на Подгорица.