Хрватски Динамо Загреб на трансфер пазарот игра значајна улога па своите играчи ги продава за милионски суми што е многу тешко остварливо за балкански спортски колектив.
Најновиот трансфер е на полјакот Дамиан Кадзиор кој игра на позиција десно крило и има 27-години и потпиша тригодишен договор со шпанскиот прволигаш Еибар, а обештетувањето изнесува 2 милиони евра, што е значителен голем трансфер ако се знае дека фудбалерот претежно беше на клупата за резерви.
Кадзиор во двегодишен период поминат во тимот на ,,Модрите” одигра 77 натпревари во кој што успеа да постигне 21 гол и подели уште 22 асистенции за гол. Со клубот освои две шампионски титули и еден Супер куп на Хрватска.



