Во рамките на второ коло од Прва ЖФЛ во фер и коректен натпревар домашната екипа на ЖФК Деспина која годинава е во конкуренција за шампионската титула на градскиот стадион во Прилеп оствари убедлив триумф над ЖФК Кочани со резултат од 14:0 на полувреме 6:0.
Младата екипа на гостинската екипа во склоп на своите можности се обидуваше да направи отпор, но искусната и квалитетна домашна екипа на ЖФК Деспина ја оствари својата цел остварувајќи рутинска победа за нови три бода.
Погодоците ги постигнаа оваа сезона супер ефикасните Јана Чубриноска со четири гола, Катерина Милеска и Ангела Стојкоска запишаа хер-трик, додека двојни стрелци беа Сара Ефтинџиоска и Михаела Настевска.



