Големото дерби помеѓу Еурофарм Пелистер и Вардар го одбележи еден хуман настан. На полувремето паркетот во салата „Боро Чурлевски“ наполни со плишани играчки. Играчките се наменети за дечињата од ранливите категории. Од клубот пред мечот истакнаа дека со оваа порака сакаат да ги потенцираат вистинските вредности на животот, пренесени преку спортот.




