Охрид во 15. коло во Суперлигата славеше убедлива победа против Радовиш со 34:23. Најефикасни во Охрид беа Филип Кривокапиќ и Михајло Младеновиќ со по 6 гола. Кај Радовиш прв стрелец беше Томче Трајчевски со 7 погодоци.
Скопје на гостувањето кај Прилеп во драматичен натпревар славеше со 26:27. Кај домаќинот најдобар беше Чантурија со 11 гола, додека кај гостите Киселовски со 6.