Аријан Адеми и Стефан Ристовски со Динамо Загреб го добија дербито против Риека со сигурни 2:0 во 24-тото коло од хрватското првенство. Нашиот бек славеше против својата Риека против која се соочи првпат во својата кариера откако го напушти клубот во 2017 година.
Динамо Загреб така се врати на првото место на табелата со 54 бода, два повеќе од Осиек, додека продолжува лошата серија на Риека која се позиционира на петтото место со 32 бода.
Македонските репрезентативци подразбирливо беа стартери на средбата, а ,,Модрите” командувани од капитенот Адеми со погодоците на Иванушец во 27-та и Орсиќ во 64-тата минута ја запишаа 17-тата лигашка победа.