Манчестер Јунајтед го доби градското дерби против лидерот Сити среде „Етихад“ со сигурни 2:0, победа со која ,,Црвените ѓаволи” ја намалија негативата на девет бода во однос на градскиот ривал.
Избраниците на Оле Гунар Солскјер сосема заслужено славеа во големото дерби, во кое ставија крај на неверојатната низа од 21-победа на ,,Граѓаните” во сите натпреварувања.
Фудбалерите на Гвардиола не можеа против традицијата, која вели дека Јунајтед нема пораз во сега 103 последователни лигашки натпревари во кои има предност во првото полувреме, а за тимот од црвениот дел од Манчестер ова беше 91-ва победа во таква ситуација. Јунаци на овој триумф се Фернадеш со гол од пенал и Лук Шо со гол во второто полувреме.