Завршија изборните натпревари каде што Кајак кану клубот Арка од Велес заврши доминатно до целта. Најдобриот кајак кану натпреварувач, Љубомир Спасиќ е позициониран на прво место каде оствари пет први места и еденаш заврши втор, потоа Александар Златаров заврши втор со три втори места, две трети и едно прво место, а трето пласираниот Енис Небиовски имаше учинок од две втори и четири трети места. Најмладиот учесник Кристијан Лазаров на изборните натпревари за сениори на само 15 години и храбро и мотивирано ги постигна одличните резултати.