Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Благоја Милевски и предводникот на селекцијата до 19 години, Шкумбин Арслани ќе организираат заеднички тренинг камп во Охрид за фудбалери од двете генерации. Во периодот од 17. до 22. декември на тренинг кампот ќе бидат вклучени околу педесетина фудбалери кои меѓусебно ќе одиграат и два контролни натпревари.
Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Благоја Милевски вели дека на претстојниот тренинг камп ќе бидат вклучени фудбалери пред сѐ од домашниот шампионат, но се следат и играчите од странство кои имаат наше потекло.
Шкумбин Арслани, селекторот на репрезентацијата до 19 години вели дека тренинг кампот е одлична можност генерацијата да се собере и пред сѐ, тактички да се подготви за мартовските квалификации за пласман во Елитна фаза за Европско првенство, се разбира доколку УЕФА донесе одлука квалификациите да се одиграат во предвидениот термин.



