Привремениот македонски репрезентативец од средниот ред Давид Бабунски на социјалните мрежи ја објави веста дека се разделува со романскиот прволигаш Ботошани и му се заблагодари на раководството за дадената шанса повторно да заигра на европско тло.
Бабунски во својата кариера освен за Ботошани играше за тимовите на: Барселона Б, Црвена Звезда, Јокохама Маринос и Омија Ардија. Се очекува во зимскиот трансфер период фудбалерот да најде нов ангажман.



