Капитенот на нашиот национален тим е во максимален тренажен процес и подготвен за натпреварите од ЛНБ лигата на Франција, Војдан Стојановски е подготвен за она што следува во Про А лигата на Франција. Долгата пауза во шампионатот, која ја предизвика присуството на корона вирусот во земјата на „галските петлиња“, и перипетиите кои ги имаше капитенот со националниот тим во „балонот“ во Талин, се веќе зад него, а и екипата на Гравелин.
Екипата од Данкерк, во полн состав, го чека наредниот меч од француската ЛНБА лига, закажан за 19. декември, кога ги чека гостувањето во Стразбур. Последниот меч Гравелин Данкерк го одигра пред повеќе од три недели. Поточно, на 21.ноември, против Про Б лигашот Денан, во 1/16 финалето од Купот на Франција.



