Екипата на Ренова со големо изненадување ја заврши полусезоната во Првата македонска фудбалска лига, затоа што како гостин и преку пресврт славеше заслужена победа над фаворизираниот тим на Македонија Ѓорче Петров со резултат од 2:3.
Во првото полувреме имаше само еден гол и беше дело на гостинскиот играч Мухарем во 39 минута. Во второто полувреме видовме голем број на погодоци воедно бевме сведоци и на пресврти.
За израмнување се погрижи Адем во 52 минута, а за целосен пресврт и водство за домаќините бразилецот Фернандињо со фантастичен гол на Ѓорчепетровци им донесе предност од 2:1, но не за долго, бидејќи Ренова со голот на Селмани во 71 минута го израмна резултатот. Победата и големите три бода им ги донесе на ,,Гипсарите” Шефити во 87 минута од натпреварот.
Фото: K.F Renova



