Актуелниот фудбалски првак Вардар со победа над Беласица во Струмица со 0:3 ја заврши првата натпреварувачка полусезона и воедно му кажа збогум на актуелниот предводник Александар Васоски, кој во новата година ќе има нов предизвик.
Васоски за последен пат го водеше Вардар, а веќе разгледува понуди затоа што состојбата во „црвено-црните“ е неподнослива и не се знае каква ќе биде иднината на клубот во 2021 година. Погодоците за ,,Црвено-црните” ги постигнаа Мирчевски, Стојчевски и Цветановски.



