Третата пресметка од меѓусебната интернационална Т20 крикет серија помеѓу Нов Зеланд и Австралија беше одиграна денес.
После двете победи на Нов Зеланд, Австралија го возврати ударот и триумфираше со убедливи 144/10 (17.1) – 208/4 (20).
Во првиот ининг, удирачите на победничкиот состав се истакнаа со својата игра. Од нив, двоцифрени беа Џош Филип (43), Арон Финч (69) и Глен Максвел (70).
Што се однесува до противничките фрлачи, единствен со два викети беше Иш Соди (2-32).
Во вториот ининг, австралискиот фрлач Ештон Агар потполно ги декласира популарните ,,Блек Кепс”, освојувајќи неверојатни шест викети (6-30). Овие цифри се рекордни за Австралија во најкраткиот формат.
Од домашните крикетари, над дваесет поени имаа само Мартин Гаптил (43) и Девон Конвеј (38).
📸 cricket.co.au